15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа еврозоната и се заканува распад

На еврозоната и се заканува распад

Рецесијата која е последица на коронавирусот станува се подлабока, се заканува дури и распад на еврозоната, изјави еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

Тој го изјави ова во интервју за „Velt“.

Џентилони истакна дека економиите на Италија, Франција и Шпанија паѓаат за 10-11 отсто, а на Данска, Полска, Шведска или Германија – за 4-6 отсто.

„Најновите економски податоци предупредуваат: рецесијата е подлабока од очекуваното, економскиот развој на земјите во еврозоната станува нерамномерен. „Тоа за што секогаш предупредувавме е потврдено: рецесијата поради COVID-19 се заканува на распад на еврозоната“, изјави еврокомесарот.

Според него, земјите од ЕУ треба во најкраток рок да се договорат за план за обнова на економијата, со цел да се зајакне довербата во националната економија.

Претходно, Европската комисија претстави предлог за формирање фонд за спасување на ЕУ во висина од 750 милијарди евра. Како што е планирано, земјите-членки на Унијата ќе добијат помош во форма на грантови (до 500 милијарди евра). Овој предлог европската комисија ќе го достави до земјите-членки на ЕУ и до Европскиот парламент. Тој може и да се менува.

Светската здравствена организација во март објави пандемија од коронавирус. Според последните податоци на СЗО, во светот се откриени повеќе од 13,0 милиони случаи, додека повеќе од 570 илјади луѓе починале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП