29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

Швајцарија, надалеку позната како бастион на дискретното, сигурно банкарство, наскоро ќе им понуди на богатите во светот уште еден избор за чувување на вреден имот: камени сводови врежани во подножјето на Алпите.

Идејата доаѓа од еден претприемач од централна Швајцарија, дом на планинскиот венец Бруениг, ридеста планина на околу 45 километри југозападно од Луцерн.

„Вашата благајна во цврст карпест масив“, како што наведува компанијата што ги гради трезорите, “Bruenig Mega Safe AG”, е безбедно место за складирање на средства и чувствителни податоци“, пренесува Блумберг.

“Компанијата планира да го искористи просторот во внатрешноста на планината, што е приближно колку 10 фудбалски игралишта”, рече членот на одборот Уго Шитенхелм, додавајќи дека тие исто така може да го зголемат тој простор доколку е потребно.

Богатите луѓе ширум светот сè повеќе бараат безбедност, откако пандемијата ги распарчени пазарите, а граѓанските немири избувнаа од Соединетите држави и Хонг Конг до Лондон. Додека некои се плашат од глобална рецесија или природна непогода, други бараат да се избегнат банкарските депозити затоа што негативните каматни стапки ги принудуваат заемодавачите да наплаќаат за чување на парични средства.

Швајцарските сводови ќе се движат од 100 кубни метри до 1.000 пати поголеми со висини до 90 метри. Камените sидови ќе обезбедуваат постојана релативна влажност од 40% и температура од 12 степени Целзиусови. Цените се движат од 500.000 американски долари и нагоре, пренесува Индикатор.

Покрај складирање на скапоцености, како што се уметнички дела, злато, берзантски сертификати, па дури и класични автомобили, трезорите се „идеални како место за активности што мора да исполнуваат високи безбедносни барања“, велат од компанијата.

Освен што е побезбеден, камениот свод е исто така поевтин за изградба

Проектот се развива во соработка со Gasser Felstechnik AG, компанија која е специјализирана за станбена и подземна градба. Трезорите ќе бидат изградени веднаш до неколкуте постоечки фирми на Gasser лоцирани на масивот, кои вклучуваат огнено оружје, складиште со експлозиви и објект за обука на пожарникарите за справување со вонредни состојби во транспортните тунели.

“Bruenig Mega Safe AG” разговара со десетина потенцијални клиенти, вклучувајќи семејни бизниси, уметнички галерии и богати поединци, рекол Шитенхелм. Сопствениците на трезорот се одговорни за трошоците за изградба на просториите, додека компанијата ќе обезбеди комунални услуги, безбедност и други услуги, се наведува на веб-страницата.

Покрај тоа што е побезбеден, камениот свод е исто така поевтин за градење, рекол Шитенхелм.
“Ќе добие брзи градежни дозволи, покривот не може да се оштети и не ви треба бодликава жица и кучиња”.

“Иако досега швајцарските граѓани и компании покажаа најголем интерес, компанијата се обидува да привлече и клиенти од центрите со богатство како што се Хонг Конг и Сингапур”, рече Шитенхелм.

На “Bruenig Mega Safe AG” му требаат околу 7 милиони швајцарски франци (7,5 милиони американски долари) од првичните купувачи за да започнат со изградбата. Работата треба да започне на почетокот на оваа година, а првите трезори треба да бидат достапни за околу 18 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП