29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧетири напитоци за здраво срце

Четири напитоци за здраво срце

Болестите на срцето се речиси генетски наследени, но исто така се во голема мерка превентабилни и може да се влијае да не дојде до нив.

Антиоксидативната моќ на калинката е многу голема. Новите истражувања покажале дека редовното конзумирање на сокот од калинка може да го заштити срцето, така што ќе го намали нивото на холестерол во крвта и го зголемува протокот на крв до срцето.

Моќните антиоксиданти во црниот чај го подобруваат здравјето на срцето. Докажано е дека конзумирањето на црн чај го намалува ризикот од појава на мозочен удар, го намалува нивото на лошиот холестерол, ја подобрува функцијата на крвните садови.

Неколку чаши од овој чудесен напиток дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

И зелениот чај содржи богати антиоксиданти кои го штитат срцето. Основната разлика меѓу црниот и зелениот чај е што вториот не е ферментиран.

Истражување спроведено во 2004 година покажало дека со пиење на зелен чај се намалува ризикот од болести на коронарните артерии.

Дехидрацијата може да придонесе предизвикување на голем број ризични фактори кои се потребни за појава на срцеви заболувања.

Кога организмот е дехидриран и му недостасува течност, тогаш крвта е погуста и срцето троши повеќе енергија за да пумпа крв низ телото.

Хроничната дехидратација може да резултира во хипертензија, зголемен крвен притисок, кој се подобрува со конзумирање на вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП