26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈа отстрануваат опремата на Huawei од националната 5G мрежа

Ја отстрануваат опремата на Huawei од националната 5G мрежа

Се очекува британската влада до 2025 година да ја отстрани опремата на кинескиот Huawei од националната 5G телекомуникациска мрежа, објави лондонски Telegraf.

Лондонскиот весник објави дека британскиот министер за култура, Оливер Дауден, објави дека следниот вторник ќе даде изјава за Huawei пред британскиот парламент како и дека министрите во владата на Борис Џонсон побарале да се отстрани опремата на кинескиот гигант од британскиот телекомуникациски систем.

Кинескиот амбасадор во Лондон, Лиу Чиаоминг минатата недела предупреди дека отстранувањето на опремата на Huawei ќе испрати “лоша порака до кинеските супервизори”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП