27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

Вредноста на имотот на Илон Маск во петокот го надмина имотот на Ворен Бафет, со што извршниот директор на Tesla стана седми најбогат човек во светот, според Bloomberg Billionaires Index.

Богатството на Маск се зголеми за 6,07 милијарди долари во петокот, објави Bloomberg News, по зголемувањето на акциите од 10,8 проценти на овој производител на електрични автомобили.

Вредноста на имотот на Бафет е намалена порано оваа недела, кога во добротворни цели донираше приближно 2,9 милијарди долари вредни акции на Berkshire Hathaway Inc на четири хуманитарни организации.

Основачот на Amazon, Џеф Безос е најбогат човек во светот со 179 милијарди долари, а ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс е втор со 116 милијарди долари.

Акциите на Tesla скокнаа за 500 проценти во текот на изминатата година, откако компанијата ја зголеми продажбата на Model 3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП