27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEBRD сака да стане мнозински зелена банка

EBRD сака да стане мнозински зелена банка

Европската банка за обнова и развој (EBRD) планира во следните пет години да насочи повеќе од половина од инвестициите во зелена економија за поддршка на борбата против климатските промени, проследена со Парискиот климатски договор.

До 2025 година, повеќе од 50 проценти од вкупните инвестиции во EBRD би требало да бидат насочени во поддршка на зеленото економско закрепнување на земјите во кои EBRD работи, земајќи ги предвид последиците од пандемијата од коронавирусот, објави во средата EBRD.

Инвестициите би се зголемиле со иновативен пристап кон голем број области, објаснуваат од банката, скицирајки “озеленување” на финансискиот сектор и енергетските системи, декарбонизација на индустријата, одржливи градови и комуникација и системи за снабдување со храна и зачувување на “природниот капитал”.

Посебно внимание би се посветило на праведната транзиција, родовата еднаквост, можностите кои ги дава кружната економија, како и зелените дигитални решенија и улогата на енергетската ефикасност, се вели во соопштението.

Банката темелно ќе ги провери сите инвестиции за да обезбеди дека тие се во согласност со Парискиот договор за климата, но и релевантните планови за заштита на климата во земјите во кои работи, земајќи ги предвид нивните приоритети.

Би се зголемил капацитетот за поддршка во развојот на стратегии за климатската отпорност и би се зајакнале напорите за мобилизација на зелените инвестиции.

Во план е интензивирана работа на упатствата, така што сите 38 земји би можеле ефикасно да ги постигнат целите за заштита на климата и околината, како и соработка со други мултилатерални заемодавачи, се наведува во соопштението.

Новиот план за зелена економска транзиција го усвои вчера Управниот одбор на EBRD а се базира на принципите на банката донесени во очи на Парискиот самит за клима во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП