19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната понуда на нафта на најниско ниво во последните девет години

Глобалната понуда на нафта на најниско ниво во последните девет години

Глобалната понуда на нафта на дневна основа во јуни оваа година е помала за 2.390.000 барели во однос на претходниот месец.

Глобалната понуда на нафта во јуни вкупно изнесувала 86.860.000 барели, што е најмала во последните девет години.

Според месечниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (IEA), производството на сурова нафта на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) е намалено во јуни за 1.900.000 барели на ден во однос на претходниот месец, на 22.190.000 барели.

Производството на други видови нафта на OPEC на дневно ниво изнесувало пет милиони барели.

Според тоа, вкупното производство на нафта на OPEC во јуни изнесувало 27.190.000 барели на ден.

Производството на нафта во земјите кои не се членки на OPEC е намалено во истиот период за 470.000 барели на 59.670.000 барели.

Така, глобалната понуда на нафта на дневно ниво во јуни била помала за 2.390.000 барели во однос на претходниот месец, а помала за 13.400.000 барели на ден во однос на истиот период минатата година.

Падот на глобалната понуда на нафта уследи по намалувањето на производството на нафта во некои земји, особено членките на OPEC како и нечленките, но и поради намалување на производството во САД, најголемиот светски производител на сурова нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП