24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсториски максимум на барања за помош на невработените во САД

Историски максимум на барања за помош на невработените во САД

Според податоците на американскиот државен секретаријат за труд, помош за невработени минатата недела побарале уште 1,3 милиони отпуштени работници, што е последниот показател дека работодавачите сè уште се соочуваат со тешка деловна состојба сè додека бројот на нови случаи на COVID-19 не престане да расте, објави гласот на Америка.

Во однос на рекордните 6,9 милиони побарувања во текот на една недела во март, бројот на побарувања за надоместок за невработеност паѓа веќе 16-та недела по ред.

Меѓутоа, четиринеделниот просек од повеќе од 1,4 милиони барања и понатаму е многу висок, затоа што пред пандемијата, рекордниот неделен број на апликации за помош на невработени бил околу 695 илјади, и тоа во далечната 1982 година.

Владата соопштила дека околу 18 милиони работници сè уште се невработени, иако милиони луѓе се вратиле на работа.

Во текот на минатите месеци, вкупно 49,7 милиони работници добиле помош за невработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП