4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес одлука за судбината на Аја Софија

Денес одлука за судбината на Аја Софија

Врховниот суд на Турција најверојатно денес ќе соопшти дека претворањето на истанбулската Аја Софија во музеј е незаконско, и се планира таа да се претвори во џамија и покрај стравувањата на меѓународната заедница.

Претседателот Ердоган предложи претворање на Аја Софија во џамија.

Овва одлука ги алармираше американските, руските и грчките власти и православната христијанска заедница пред пресудата на Високиот управен суд на Турција, кој првото рочиште го одржа минатиот четврток.

Спорна е законитоста на одлуката од 1934 година да се претвори оваа античка градба во музеј.

„Очекуваме таа одлука да биде поништена и пресудата ќе биде објавена во петок“, изјави за Reuters висок турски претставник.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовниот водач на скоро 300 милиони православни христијани во светот, чие седиште е во Истанбул, изјави дека таквата пресуда ќе ги разочара христијаните и ќе ги “подели” Истокот и Западот.

Водачот на Руската православна црква вели дека овој потег би го загрозил христијанството.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео и Грција, исто така, ја повикаа Турција да го задржи статусот на музеј за Аја Софија.

Но, турските групи долго време се залагаа за претворање на Аја Софија во џамија, тврдејќи дека тоа подобро би го одразувало статусот на Турција како претежно муслиманска земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП