27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО потврди - Пренесување на коронавирус во воздухот е можно за време...

СЗО потврди – Пренесување на коронавирус во воздухот е можно за време на овие постапки

Светската здравствена организација денес соопшти дека пренесувањето на коронавирус преку воздух може да се случи за време на медицинските постапки, кога се ослободуваат аеросоли.

Агенцијата истакна дека некои извештаи за пандемијата, кои се однесуваат на пренатрупаните затворени простори, покажале дека постои можност за пренесување на аеросоли, во комбинација со трансмисија на капки, во ситуации како што се хорски проби, во ресторани или на часови по фитнес, пренесува Reuters.

Аеросолите се цврсти честички или мали течни капки создадени од чад, прашина, летечки пепел и кондензирани гасовни супстанци, кои можат да се најдат во атмосферскиот воздух.

Светската здравствена организација во вторникот призна дека се појавуваат докази за пренесување на COVID-19 преку воздухот, бидејќи 239 меѓународни научници укажаа на таквата можност.

Стотици научници тврдат дека постојат докази дека малите честички на новиот коронавирус во воздухот можат да заразуваат луѓе, и ја повикуваат Светската здравствена организација да ги ревидира препораките.

Ставот на СЗО досега беше дека вирусот се пренесува преку капки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП