23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle инвестира скоро милијарда долари во економското закрепнување на Италија

Google инвестира скоро милијарда долари во економското закрепнување на Италија

Google во наредните пет години ќе инвестира повеќе од 900 милиони долари за да и помогне на Италија во економското закрепнување поради кризата предизвикана од коронавирусот, најави денес извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, пренесува Breaking The News.

“Google е горд што е партнер во економското закрепнување на Италија. Денес најавуваме “Italia in Digital”, нов план за забрзување на економското закрепнување на земјата нудејки низа алатки, обуки и партнерства за поддршка на компаниите и луѓе кои бараат работа”, изјави Пичаи.

Како дел од оваа иницијатива, Google ќе лансира два нови клауд системи во Италија, во соработка со телекомуникацискиот оператор TIM, за да им помогне на малите и средни бизниси, како и на поединците во дигитализацијата.

Италија е една од најтешко погодените земји во Европа, а со короната најмногу се погодени угостителството и сместувањето, логистиката, сообраќајот и трговијата.

Како што покажува италијанскиот институт за статистика (ISTAT), со кризата се погодени 34 проценти од италијанското производство.

Исто така се суспендирани активностите и работењето на 2,2 милиони компании, што претставува 49 проценти од вкупниот износ, притоа 65 проценти од целиот извозен бизнис беше затворен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП