1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕвропскиот суд им овозможи на купувачите на „Фолксваген“ полесно да тужат

Европскиот суд им овозможи на купувачите на „Фолксваген“ полесно да тужат

Највисокиот суд на Европската Унија донесе пресуда дека купувачите на автомобили „Фолксваген“ опремени со софтвер инсталиран за да ги измами тестовите за емисија на гасови, можат да го тужат производителот на автомобили во земјата каде што го купиле автомобилот, наместо да бараат отштета во Германија, пренесува „Брејтбарт“.

Државниот суд во Клагенфурт, Австрија, кој го разгледува барањето на една австриска група за заштита на потрошувачи за отштета во име на 574 клиенти, побара од Европскиот суд за правдата да го разгледа ова прашање.

„Фолксваген“, со седиште во Германија, ја оспори меѓународната надлежност на австриските судови, соопшти Европскиот суд на правдата.

Европскиот суд на правдата пресудил дека местото каде што настанала штетата е местото каде што автомобилите биле купени од трето лице – во случајов Австрија.

Во одлуката се вели дека „производителот на моторни возила кој е основан во една земја-членка и се занимава со незаконско злонамерно менување на возилата продадени во други земји-членки, може разумно да очекува да биде тужен во судовите на тие држави“.

Во 2015 година, регулаторите во САД го фатија „Фолксваген“ како софтвер ги исклучува контролите на емисиите на гасови откако автомобилите ги поминале тестовите за емисија. Компанијата плати милијарди евра за покривање казни, порамнувања и повлекувања на возилата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП