26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали знаете што е М – циклус?

Дали знаете што е М – циклус?

Силната амбиција, јакиот карактер и самодовербата се заеднички карактеристики на повеќето високо образовани жени во светот. Тие знаат што сакаат, веруваат дека  можат, и ги имаат потребните знаења да ги претворат своите соништа во реалност.

Патот во кариерата може да се подели во три фази.

Фаза 1: Амбиција

Оваа фаза е карактеристична за девојките во своите дваесетти години, кои се на крајот на високото образование, гладни за докажување и практична обука, и се подготвени да ја стават работата на прво место. Тие не се плашат и се навикнати да се борат со сите средства за да ги постигнат своите деловни цели. Во нивниот речник работните места не се поделени на машки и женски, туку тие се рамноправни учесници во сите настани во рамките на една компанија. Со оглед на тоа дека се уште немаат семејство, подготвени се да патуваат за потребите на работата и да го жртвуваат своето слободно време за да се искачуваат по корпоративните скалила .

Фаза 2: Културен шок

Во триесеттите години жената почнува да чувствува притисок за создавање на свое семејство. Можеби поради тоа повеќето корпорации веруваат дека менаџерскиот потенцијал на поединецот најдобро се гледа на возраст од 30 до 35 години, и во текот на тој период од своите вработени бараат сто процентен ефект. Ова правило не е создадено за да ги дискриминира жените, туку тоа постоело долго пред жените да седат на првите позиции во рамките на една компанија. Работодавците почнуваат да бараат помеѓу нивните најистакнати кандидати и некои нови таленти, како што се комуникациски вештини, харизма, иновации, како и способност за вмрежување. Во таа исцрпувачка бизнис средина, некои жени се обидуваат да се изборат за своето место под сонцето, додека истовремено ја играат улогата на мајка и сопруга, додека други го напуштаат своето семејство во доцните триесетти години.

Фаза 3: Сопствена афирмација

Во четириесеттите години, жените повторно се насочуваат кон своите бизнис цели. Зад нив се најосетливите години за грижа за сопственото дете. Сега се повторно подготвени да покажат што можат да направат и го прават тоа без одлагање. Жените го постигнуваат својот бизнис-интелектуален врв токму во оваа фаза, а компаниите кои знаат да го препознаат тоа, имаат голема корист од нив. За жал, многу жени се отпуштени или не успеваат да се промовираат на највисоката позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП