20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанците јадат премногу риба

Италијанците јадат премногу риба

Европејците во просек консумираат 23 килограми риба годишно по глава на жител, а Италијанците уште повеќе, 29 килограми годишно.

Овие бројки Светскиот фонд за природа (WWF) ги смета за алармантни поради прекумерна експлоатација на рибните ресурси.

Прекумерната експлоатација на рибните ресурси ја загрозува биолошката разновидност на морето, а во последните 20 години глобалниот проблем со прекумерниот риболов драматично се зголеми, наведува WWF.

Како што се наведува, дополнителен притисок претставува нелегалниот и непријавен риболов.

Средоземното море не е во состојба да го издржи нивото на побарувачка затоа што 78 проценти од набљудуваните рибни залихи на Медитеранот се експлоатирани над нивната способност за обновување, додека на глобално ниво тоа е случај со 33 проценти од набљудуваните рибни залихи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП