Во споделената објава посочува дека посебен предизвик за реализација била Домашната платежна картичка и поставувањето нови стандарди и дебрократизацијата на имплементацијата на мерките. Додека најгорда вели дека е на трите алатки за транспарентност “Отворени финансии”, “Јавен Долг” и “Капитални расходи” со кои значајно ја зголемиле транспаретноста.
Ова се 38 проекти и мерки кои ги наведува како одбран дел од сработеното во изминатите 10 месеци:
-
Значајно ја зголемивме транспарентноста – отворивме нова алатка капитални расходи за сите да ја следат реализацијата за сите институции
-
Го отворивме трезорот на државата за јавноста со алатката Отворени финанции
-
Лансиравме и трета алатка и покажавме пример за поинаква борба со лажните вести и како нешто деструктивно може да прерасне во нешто конструктивно- со Јавен долг – и дадовме на јавноста разбирлива и точна информација за јавниот долг
-
Донесовме буџет “Инвестираме во човечки капитал” – во кој вградивме – поголеми плати за здравствените работници од 5%-25% и за просветните работници за 10%, поголеми пензии за 700 денари, повеќе пари за мерки за вработување, за поддршка за покачени плати во приватниот сектор…
-
Овозможивме 120.000 вработени во 20.000 фирми да имаат покачени плати со мерката за субвенционирање на покачување на платите
-
Го замрзнавме прогресивното оданочување! – не затоа што не веруваме туку затоа што веруваме дека има подобар начин и тајминг за ваква реформа
-
Се фокусиравме на сивата економија и направивме предлог акциски план
-
Со грант од 1 мил еур овозможивме 78 општини да добијат прокетна документација за изградба на 270 км локални патишта
-
Го кренавме прагот за ДДВ обврзници од 1 на 2 милиони денари – поголема флексибилност и помалку товар и администрација за малите компании
-
Го завршивме проектот за поставување фотоволатични системи на 108 јавни установи во 36 општини- за чиста и одржлива енергија, помало загадувањето но и пониски сметки за струја
-
Ја лансиравме МојДДВ МојаНаграда – им понудивме уште поголем поттик на граѓаните да се борат со сивата економија
-
Вративме 11 милиони евра ДДВ на повеќе од 200.000 граѓани кои скенираат сметки со МОјДДВ
-
Обезбедивме 136 милиони евра за најголемиот еколошки проект во земјава – Пречистителна станица Скопје – која ќе опслужува половина милион граѓани
-
Потпишавме договори од 107 милиони евра за Програма за наводнување- за развој на земјоделството и Проектот за енергетска ефикасност на студентски домови – за подобри услови за нашите студенти
-
Изготвивме прва сеопфатна Стратегија за даночна реформа – поставивме приоритети, патоказ и поголема предвидливост за бизнис заедницата
-
Го зголемивме прагот за ослободување од царина за малите пратки од 45 на 90 евра – поголем избор и повеќе можности за граѓаните
-
Обезбедивме 70 милиони евра со заем од Светска Банка за рехабилитација на и реконструкција на 450 км локални патишта во сите општини
-
Вративме 402 милиони евра ДДВ на фирмите во 2019 година и 206 мил во 2020 – тоа е 26% повеќе од 2018 и за 44% повеќе од 2017 година
-
Исплативме 30 милиони евра субвенции на 15.000 тутунопризводители, во време на најголема економска криза
-
Го донесовме првиот закон со еколошка компоненета – новиот закон за моторни возила – кој ќе влијае на обновување на возниот парк
-
Со проектот Купи Куќа, купи стан им помогнавме на 150 граѓани и семејства да го решат станбеното прашање
-
Ја укинавме сметкопотврдата
-
Во обид да ја намалиме хартијата и бирократијата – Отворивме форма за онлјан поднесување на бизнис иницијативи
-
Со Проектот за подобрување на општински услуги започнавме над 30 проекти и завршивме над 60 проекти – ова се градинки, училишта, патишта, игралишта, водоводи, кои опслужуваат над 1.000.000 граѓани
-
Заевно со Министерството за информатичко општество потпишавме меморандум за вопоставување дигитален идентитет за граѓаните
-
Направивме ребаланс и обезбедивме средства за мерките за борба против COVID-19 кризата
-
Придонесовме во креирањето и имплементирањето на три сета економски мерки за справување со КОВИД кризата / домашни платежни картички, ваучери за туризам, ваучери за студенти за ИТ вештини, и бројни мерки за поддршка за стопанството…
-
Ја донесовме мерката за финансиска поддршка за исплата на плати 14.500 денари по вработен – која одржа над 140.000 работни места во кризата
-
Како антикризна мерка – го ослободивме стопанството од аконтации од данокот на добивка и данокот на личен доход од март до јули
-
Овозможивме одложување на ратите на кредитите на граѓаните и помали рати за најмалку 70% кај финансиските друштва
-
Пуштивме 13.7 мил евра бескаматни кредитни линии преку Развојна банка кои помогнаа на над 1500 компании
-
Донесовме уредба за решавање на прашањето со екстра-лесното гориво – ја изедначивме акцизата – за справување со злоупотребите и поздрава животна средина
-
Донесовме уредба со која секоја фирма може да ги доставува фактурите електронски наместо хартиено
-
Обезбедивме ликвидност на буџетот и финансирање за цела 2020
-
Воведовме ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА – со 28 мил евра поддржавме над 320.000 граѓани, а преку нив и илјадници домашни компании.
-
Поставивме нови стандарди и го дебрикратизиравме начинот на имплементација на ваквите мерки
-
Се фокусиравме на домашното, – го дополнивме правилникот и ги дефиниравме македонските производи
-
Воведовме промена во МојДДВ, 20% наместо 15% поврат за македонски производи и услуги