27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаместо да загуби, Елон Маск заработи над 50 милиони по спогодбата со...

Наместо да загуби, Елон Маск заработи над 50 милиони по спогодбата со регулаторите

Акциите на Tesla кои основачот Eлон Мaск ги купи во 2018 година за 20 милиони долари, за да ја плати казната која му ја изречекла Комисијата за хартии од вредност, сега вредат 97 милиони долари, што значи дека по плаќањето на казните, Мaск заработил скоро 50 милиони долари, пренесува Electrek.

Во 2018 година, Комисијата покренала судска постапка против Маск поради измама, тврдејки дека ги лажел инвеститорите кога на Твитер објавил дека е „обезбедено финансирање“ за да ја исклучи Tesla од берзата за 420 долари по акција.

Мaск подоцна признал дека цената на акцијата, односно бројот 420, била шега која се однесува на марихуаната и дека целта на неговата објава била да ја забавува својата девојка.

Како дел од спогодбата, Мaск се согласил да се повлече од функцијата претседател на одборот, а Tesla и Маск мораа да платат по 20 милиони долари парични казни.

Маск не сакаше Tesla да плати за неговиот конфликт со Комисијата, а со оглед дека не можеше директно да го плати делот на Tesla, тој реши да купи акциите на Tesla во вредност од 20 милиони долари.

На тој начин, тој индиректно ја плати казната на Tesla, а во тој процес заврши со 71.000 дополнителни акции на Tesla.

Со оглед дека акциите на Tesla во претходните недели рушеа сопствени рекорди, Маск всушност го зголеми својот имот.

Акциите на производителот на електрични автомобили вчера надминаа 1.400 долари, а просечната шестмесечна пазарна капитализација на компанијата достигна 138 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП