Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

Регионално истражување: Брзина, едноставност и практичност на најголемата предност на бесконтактното плаќање

Време: 12:28

Датум: јули 9, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Вкупното користење на бесконтактниот начин на плаќање со Visa картичките во нашата земја порасна за 113 проценти во однос на март минатата година, а 86 проценти од граѓаните на Македонија е подготвено да врши бесконтактни трансакции затоа што им носат мноштво предности. Тоа го покажува првото регионално истражување на компанијата Visa во рамките на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“, кое е спроведено во текот на мај, на примероци од по 500 корисници на картички во земјите од регионот, во старосна граница од 18 до 55 години.

Според податоците секој четврти граѓанин на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес редовно користи бесконтактни картички, но лидер во регионот по употреба на бесконтактна технологија е Македонија, каде што дури 68 проценти од испитаниците го користат овој метод при плаќање. Од друга страна, Албанија бележи најниска употреба – дури еден од 10 потрошувачи плаќа на овој начин, но купувачите во оваа земја се мотивирани да се запознаат подобро со оваа технологија и да ги користат нејзините придобивки. Како главни предности на употребата на бесконтактни картички се истакнуваат брзината (65 проценти од корисниците го навело ова како бенефит), едноставност за ракување (65 проценти) и практичност (65 проценти).

Околу 38 проценти од купувачите кои не користат бесконтактни картички, како причина ја наведуваат тоа што банката не им понудила таква можност, додека девет проценти истакнуваат дека не знаат дека постои таква опција во Македонија, или пак се загрижени за безбедноста во текот на користењето – 18 проценти. Шест проценти од корисниците признале дека не се сигурни како се употребуваат бесконтактните картички.

Во исто време, скоро секој петти потрошувач во нашата држава користи мобилен телефон за бесконтактно плаќање, додека 77% се запознаени со опцијата мобилен паричник. Околу 68% од корисниците изразиле желба во иднина да плаќаат  преку апликација на мобилните телефони, додека 30% се воодушевени од таквата можност. Мнозинството од испитаниците ја истакнале практичноста како позитивна околност на ваквиот вид на бесконтактна трансакција и со тоа што „благодарејќи на оваа опција можат да ги остават картичките и готовината дома“. Една петтина од испитаниците сметаат дека овој вид на плаќање е забавен и интересен бидејќи сакаат да бидат во тренд со остатокот од светот. Како главни недостатоци на мобилниот паричник наведени се безбедноста и ограниченоста на бројот на места каде таков вид на плаќање е овозможено.

Пандемијата ги промени потрошувачките навики и влијаеше на новите технологии при плаќање. Речиси половина од граѓаните во регионот покажаа голем интерес за користење на мобилно бесконтактно плаќање во иднина. Според тоа, штотуку ја претставивме Apple Pay услугата во Србија, благодарение на што корисниците на картичката Visa во Raiffeisen банка можат да уживаат во дополнителните бенефиции и да плаќаат производи и услуги со едноставно наслонување на својот мобилен телефон. На почетокот на годината оваа услуга стигна во Црна Гора, а во план ни е дигиталниот паричник да го претставиме и во другите земји од регионот и да ги поврземе со иновативната, сигурна и безбедна платежна мрежа”, кажа Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.

Visa неодамна во сите земји од Југоисточна Европа го зголеми максималниот износ за бесконтните трансакции за кои не е неопходен внес на PIN код. Во Македонија тој лимит е зголемен на 2.500 денари, што претставува унапредување од 25% во однос на претходната сума и го олеснува вршењето на секојдневните трансакции.

Компанијата Visa е посветена на пружање поддршка на компаниите кои се погодени од пандемијата и сака со својата експертиза, анализа на податоците и производите да им овозможи што побрзо да застанат на нозе. Во наредниот период, светскиот лидер во дигитални плаќања ќе ги претстави резултатите на целокупното регионално истражување, за да ја запознае јавноста со новитетите во потрошувачките навики и на тој начин да може да им помогне на владите и фирмите во носењето на важни одлуки.

 

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нови 155 заразени од Kовид-19 во земјава, починати се две лица

    Нови 155 заразени од Kовид-19 во земјава, починати се две лица

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 51,…

  • Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

    Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

    Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува „Спутник“. „ Во моментов е…

  • Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2020

    Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2020

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07 – 31.07.2020 година вкупниот промет изнесувал 382.669.81 денари и е намален за 14,16 отсто во однос…

  • Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

    Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

    Уште на почетокот на јули, виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само околу половина од заболените и излекуваните од коронавирус развиле заштитен имунолошки…

  • Колку пиво се произведува во Европската унија? (ИНФОГРАФИК)

    Колку пиво се произведува во Европската унија? (ИНФОГРАФИК)

    Повеќе од 34 милијарди литри пиво биле произведени во Европската унија во 2019-та година, според податоците на „Eurostat“. Доколку се подели со бројот на жители…

  • Светот пред „темпирана бомба“ на банкроти

    Светот пред „темпирана бомба“ на банкроти

    Владите ширум светот се обидуваат да превземат мерки со цел да им помогнат на компаниите кои се најпогодени од ширењето на коронавирусот. Меѓутоа, светот се…

  • Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

    Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

    Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат…

  • Претседателот на Германија предизвика корона-скандал

    Претседателот на Германија предизвика корона-скандал

    Една фотографија од одмор во Јужен Тирол предизвика политички скандал во Германија поради непочитување на мерките за коронавирус. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер позирал без маска…

  • Бесплатни телефонски линии за селектирање и собирање отпад

    Бесплатни телефонски линии за селектирање и собирање отпад

    ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамки на кампањата „Заштити го канализацискиот систем – биди одговорен, однесувај се совесно“ ги повикува граѓаните да го…

  • Кинеските апликации трн во око на Америка

    Кинеските апликации трн во око на Америка

    Соединетите држави во средата соопштија дека сакаат да отстранат повеќе кинески апликации за паметни телефони од продавниците за апликации во САД и да ги спречат…