29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ги тестира скоро сите патници на граничниот премин со Бугарија

Грција ги тестира скоро сите патници на граничниот премин со Бугарија

Грчкото Министерство за здравство ги интензивираше тестовите за коронавирус на граничниот премин Промахонас на грчко-бугарската граница, која служи како главен влез за патниците од другите балкански земји, пренесува Katimerini.

Одлуката да се тестираат повеќе патници кои доаѓаат во земјата по копнен пат, дојде откако во понеделникот на границата имаше 36 лица позитивни на коронавирусот и уште 17 во вторникот.

Тоа во Грција предизвика загриженост поради приливот на нови случаи.

Според атинско-македонската новинска агенција, на тој граничен премин, според податоците на грчката полиција, околу 90 проценти од патниците се испитуваат и тестираат пред да влезат во земјата.

Во текот на вторникот и средата, сообраќајот е значително намален, но се очекува зголемен обем на сообраќајот, како што се приближува викендот.

Поради тоа многу патници би можеле да го одложат пристигнувањето во Грција.

Според официјалните податоци, од 183 потврдени случаи на коронавирус во Грција од 1 до 7 јули, 103 случаи биле меѓу патниците од странство, што претставува стапка од 56 проценти.

На крајот на јуни, уделот на странците меѓу позитивните на коронавирусот бил двојно помал, 22 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП