19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет дал 2,9 милијарди долари во добротворни цели, вкупно 37 милијарди од...

Бафет дал 2,9 милијарди долари во добротворни цели, вкупно 37 милијарди од 2006 година

Главниот извршен директор на Berkshire Hathaway и некогаш најбогатиот човек во светот, Ворен Бафет, од почетокот на годината донирал 2,9 милијарди долари во добротворни цели.

Бафет ги дистрбуирал средствата во форма на акции од класата Б на Berkshire Hathaway во корист на пет фондации на кои дава годишни донации затоа што вети дека ќе донира 99 проценти од своето богатство пред да умре.

Тие пет фондации се: Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Фондацијата Сузан Томпсон Бафет, Фондацијата Хауард Г. Бафет, Фондацијата Шервуд и Фондацијата Ново.

Последните четири фондации се основани од членовите на семејството Бафет, додека последните три, ги води по едно од неговите три деца.

Последните донации на Бафет во добротворни исплати се искачија на над 37 милијарди долари од 2006 година.

Бафет и Бил Гејтс во 2010 година го започнаа „Заветот за давање“ за да ги убедат милијардерите да го даваат најголемиот дел од своето богатство во добротворни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП