29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеделно губат и до 600.000 евра

Неделно губат и до 600.000 евра

Најголемите европски музеи неделно губат и до 600.000 евра, поради ограничувања воведени поради сузбивање на коронавирусот.

На тоа предупреди претседателот на мрежата на европски музејски организации, Дејвид Вијом.

Тој на онлајн конференција за работење на музеите во време на криза, организирана од агенцијата TASS, изјави дека загубите на музеите во туристичките региони во изминатите два месеци забележаа загуба од 80 проценти.

Истакна дека музеите во главните градови на европските земји бележат намалување на приходите дури и помали од оние во внатрешноста.

Директорката на московската Третјаковска галерија, Зелфира Трегулова, изјави дека тој музеј изгубил околу 2,7 милиони евра за време на тримесечните мерки за затворање, додека прес службата на Пушкиновиот музеј за ликовни уметности соопшти дека таа институција секој ден губи околу 2 милиони рубли (28 000 евра).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП