22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на златото порасна над 1.800 долари прв пат после 2011 година

Цената на златото порасна над 1.800 долари прв пат после 2011 година

Цената на златото вчера, за прв пат од септември 2011 година, ја надмина вредноста од 1.800 долари за унца од 31,1 грама.

Само оваа година, цената на златото порасна за скоро 19 проценти. На тој начин, цената на златото сè повеќе го таргетира својот рекорден износ, кој во септември 2011 година достигна 1.921 долари.

Пресметано во евра, цената на златото веќе достигна нов рекорден износ од 1.633 евра во мај.

Главните двигатели на цените на златото се загриженоста поради економските последици од коронакризата и екстремно лабавата монетарна политика на водечките централни банки. Инвеститорите понекогаш стравуваат дека голема поплава од пари може порано или подоцна да доведе до пораст на инфлацијата. Златото традиционално се користи за заштита од инфлација.

– Стравот од последиците од натамошно зголемување на бројот на заразени случаи ги принудува инвеститорите да вложуваат во сигурни засолништа, изјави Александар Зумпфе, трговец со скапоцени метали во трговската куќа Хереус, опишувајќи го расположението на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП