6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткупот на пченицата без проблеми, мелничарите бараат да остане заштитната мерка

Откупот на пченицата без проблеми, мелничарите бараат да остане заштитната мерка

pchenica1

Мелничарите ја поддржуваат владината одлука за условен увоз на пченица и брашно и сметаат дека треба да остане во сила во предвидените шест месеци.

На вчерашната седница во Стопанската комора констатирале дека откупот се одвива без проблеми, според предвидената динамика. Досега се преземени 55.000 тони пченица што е 20 отсто од очекуваниот род од 280.000 тони.

– Мелничарите апелираат откупот да почне и во регионите каде што жетвата е во тек и онаму каде што евентуално доцни. Преземените мерки ќе имаат позитивен ефект, ќе овозможат да се откупат планираните количини, изјави денеска Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.

Според него, преработувачите во моментов се соочени со нешто послаб квалитет на пченицата, како што рече, поради тоа што течат првите фази од откупот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП