Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,330.78 0.07%    GRNT 950.00 -1.33%    KMB 6,199.77 -0.05%    KVAS 15,520.00 -3%    MPT 64,302.72 -0.98%    RMDEN12 99.50 0%    RZLE 15.00 25%    SKOV 20.00 0%    ZILU 167.00 -14.36%    ZPOG 1,800.00 0%    

„Тековни и идни потреби од дигитални услуги за работа од далечина“

Време: 13:43

Датум: јули 8, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

„Дознај. Примени. Успеј.“: Македонски Телеком организира серија бизнис вебинари посветени на дигиталните алатки

Ако нешто научивме од периодот на пандемија во кој живееме веќе неколку месеци, тоа е дека нашите животи би биле буквално незамисливи без технологијата којашто ја имаме на располагање. Отежнатите услови нѐ натераа да се адаптираме и да размислиме на кои начини дигиталните алатки можат да ни помогнат во комуникацијата, работните процеси, па дури и во подобрувањето на бизнисите.

Пандемијата причинета од ковид-19 дојде како предупредување и ни даде своевиден поглед во иднината, во која сите претприемачи кои нема да научат како да оперираат со своите бизниси од далечина веројатно ќе исчезнат, а оние кои ја прифаќаат технологијата како партнер и пријател ќе надвладеат на пазарот. Брзото приспособување на нови услови е клучно за надминување на предизвиците, а со оглед на растечката моќ и влијание на дигиталниот свет, се чини дека во иднина ќе имаме повеќе опции, начини и алатки кои можеме да ги користиме за да ги постигнеме нашите цели. И токму затоа, приспособувањето треба да започне веднаш!

За повеќето успешни бизниси, дигиталните алатки како Дигитални сертификати и Временски печат се добро познати и веќе се употребуваат во секојдневните работни процеси. Тие не само што заштедуваат време, туку ја олеснуваат работата и се далеку побезбедни од досегашните традиционални начини на менаџирање со доверливи документи.

Со цел подобро запознавање со дигиталните алатки коишто им стојат на располагање на современите претприемачи, Македонски Телеком организира вебинари на кои претставниците на бизнисите ќе можат да научат нешто повеќе за нив. Преку презентирање на услугите и алатките, како и споделување на кориснички искуства, Телеком ќе ви го покаже патот до дигитално осовременување на вашиот бизнис.

Првиот вебинар, предвиден за демонстрирање Доверливи услуги (Дигитални сертификати, Временски печат и Портал за дигитално потпишување) имате можност да го проследите на 14.07.2020 или 16.07.2020, додека вториот, на кој ќе се демонстрира Telekom МК App, е предвиден за 23.07.2020 година. Пријавувањето ќе може да биде извршено на следната адреса: https://www.telekom.mk/vebinari.nspx

Секој од вебинарите предвидува учество на максимум 60 учесници, затоа бидете брзи!

Изминатиот период можевме да видиме голем број успешни приказни на бизниси кои лесно „ги прескокнаа“ предизвиците и се приспособија на новиот начин на работа, а тоа ни покажа дека технологијата е наш пријател доколку знаеме како да ја користиме. Овие приказни не треба да останат аномалија, туку мора да бидат што почести, со цел да го зацврстиме и стабилизираме нашиот пазар во она што многумина почнаа да го нарекуваат „новото нормално“. Применувањето поврзани технологии и проверени дигитални алатки ќе ви даде предност на пазарот. Затоа, да ја користиме технологијата за добро!

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Бафет откупи акции на „Berkshire“ за рекордни 5,1 милијарди долари

    Бафет откупи акции на „Berkshire“ за рекордни 5,1 милијарди долари

    „Berkshire Hathaway“ објави дека купила рекорден број на сопствени акции во второто тримесечје, откако пандемијата на коронавирусот се одрази на конгломератот на Ворен Бафет, објави…

  • „Goldman Sachs“ ја намали својата квартална добивка за 85%, како резултат на трошоците од „1MDB“

    „Goldman Sachs“ ја намали својата квартална добивка за 85%, како резултат на трошоците од „1MDB“

    „Goldman Sachs“ ги зголеми своите резерви за уште 2,01 милијарди долари, откако постигна договор со малезиските власти во врска со истрагите за улогата на банката…

  • „T-Mobile“ го замени „АТ&Т“ и стана втор по големина телеком во САД

    „T-Mobile“ го замени „АТ&Т“ и стана втор по големина телеком во САД

    „T-Mobile“ привлече повеќе месечни претплатници отколку што се очекуваше во вториот квартал и најави дека е пред својот конкурент „АТ&Т“, а со тоа стана втор…

  • Македонијатурист А.Д прокнижи загуби во првите шест месеци од 2020 година

    Македонијатурист А.Д прокнижи загуби во првите шест месеци од 2020 година

    Друштвото во првите шест месеци од 2020 година од својата основна дејност- хотелски и ресторански услуги  како и од други споредни дејности оствари  негативен финансиски…

  • НЛБ Банка прокнижи добивка од 705 милиони денари за периодот јануари-јуни 2020

    НЛБ Банка прокнижи добивка од 705 милиони денари за периодот јануари-јуни 2020

    НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2020 година оствари нето добивка во износ од 705.377 илјади МКД, што претставува намалување за 26,8% во однос…

  • „Hilton“ објави загуба од 430 милиони евра и очекува долго закрепнување

    „Hilton“ објави загуба од 430 милиони евра и очекува долго закрепнување

    Американската хотелска групација „Hilton“ предупреди дека има „долг пат“ да се опорави, откако ги објави еден од најлошите квартали во историјата, бидејќи пандемијата ја турна…

  • „Lufthansa“ губи по 450.000 евра на час и планира драстични отпуштања

    „Lufthansa“ губи по 450.000 евра на час и планира драстични отпуштања

    Некогаш најголемата авиокомпанија по приходи во Европа, „Deutsche Lufthansa AG“ предупреди дека присилните отпуштања во Германија се повеќе од веројатни поради бавниот напредок на преговорите…

  • Telekom MK апликацијата постојано станува подобра

    Telekom MK апликацијата постојано станува подобра

    Нови функционалности: продолжување договор и промена на тарифен модел Промотивна понуда само преку Telekom МК: 2.000 денари дополнителен попуст за смартфон со продолжување договор и…

  • Богатството на Цукерберг се искачи на 100 милијарди долари

    Богатството на Цукерберг се искачи на 100 милијарди долари

    Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг достигна 100 милијарди долари, откако социјалната мрежа започна со нова услуга на куси видеа, пренесе Би-би-си. Компанијата пред…

  • ИутеКредит и Нептун со ново иновативно решение за онлајн шопинг

    ИутеКредит и Нептун со ново иновативно решение за онлајн шопинг

    Насочени кон комплетна дигитализација на финасиските услуги и константно изнаоѓање на иновативни решенија кои ќе го поедностават начинот на купување онлајн, ИутеКредит Македонија во партнерство…