20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАHuawei како политичка топка: "Британија ги загрозува односите со Кина"

Huawei како политичка топка: “Британија ги загрозува односите со Кина”

Велика Британија ризикува да ја отфрли долгогодишната врска со Кина, ако му забрани на Huawei пристап во својата 5G мрежа по наредба на САД, како дел од глобалната битка за технолошка надмоќ.

Ова за Reuters го изјави претседателот на филијалата на таа кинеска технолошка компанија за Велика Британија, Џон Браун.

Браун изјави дека Huawei стана “политичка топка” во ескалациониот трговски спор меѓу двете суперсили, а Британија ризикува да биде оштетена во тој процес.

Британија на телекомуникациската групација и додели ограничена улога во својата 5G мрежа на почетокот од оваа година, но новите американски санкции на чип технологијата го доведоа во прашање нејзиниот статус како сигурен снабдувач, па британската влада најверојатно ќе заземе поцврст став, наведува Reuters.

„Тука нема дипломатија“, изјави Браун за време на виртуелниот симпозиум во Лондон.

„Велика Британија има многу долги врски со Кина и се надевам дека нема едноставно да ги отфрли“, додаде Браун.

Доколку Британија му забрани на Huawei пристап до својата 5G мрежа, иднината на кинеската компанија во земјата во која инвестирала милиони фунти во истражување и развој би била доведена во прашање.

„Очигледно имаат многу работа, од паметни телефони до 3G и 4G како и овој предложениот 5G. Ако нема работа и ако им оневозможат да работат, би очекувал од нив да донесат одлука да се повлечат“, заклучи Браун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП