29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Затвор за заразените кои одбиваат болничко лекување

Италија: Затвор за заразените кои одбиваат болничко лекување

Луѓето кои се позитивни на тест за коронавирус, но одбиваат болничко лекување би можеле да се соочат со затворска казна според новата регулатива воведена во италијанскиот североисточен регион Венето, пренесува Reuters.

Според наредбата на гувернерот Лука Заје, до крајот на јули, болниците се должни да пријават во обвинителството секој кој ќе одбие прием откако ќе се утврди дека е позитивен на коронавирусот.

Секој кој ќе се врати во Венето, во кој е вклучен и градот Венеција, мора да има направено два брисеви ако се вратат од службено патување надвор од Европската унија или земја што не е во шенген зоната.

Според италијанскиот закон, секој кој ненамерно ја шири епидемијата ризикува затворска казна до 12 години, додека луѓето кои тоа ќе го направат намерно ќе се соочат со доживотен затвор.

Во Венето, според најновите податоци, има 169 хоспитализирани лица заразени со коронавирусот, но постои загриженост за 28 ново заразени, од кои 15 патувале во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП