6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБриош леб по француски рецепт - новитет од Жито Лукс

Бриош леб по француски рецепт – новитет од Жито Лукс

zitoluks-leb

Бриош лебот е најновата понуда од Жито Лукс. Бриош е инспириран од француски рецепт, содржи путер, и е уште еден уникатен вкус од палетата лебови на парчиња.

“Се трудиме, што е можно почесто, да воведуваме промени и новитети во насока на нови и невообичаени вкусови со цел да понудиме поголем избор за потрошувачите.  Досегашното искуство не увери дека македонскиот потрошувач покрај традиционалните и веќе познати вкусови, сака да ужива и во нови рецепти. Затоа нашата филозофија е покрај негувањето на традицијата, да посегнуваме по автентичните вкусови на светските кујни“, изјави Лидија Трајковска, менаџер во сектор за маркетинг во Жито Лукс.

Лебот бриош е специфичен по неговиот неодолив вкус на путер, златеста кора и меката структура. Уникатноста на вкусот на бриош е во тоа што го прави идеален за подготовка на слатки, но и солени оброци и деликатеси.

Овој леб е дел од линијата лебови на парчиња која сега се состои од шест различни вкусови, со свежина задржана до 15 дена без присуство на конзерванси како резултат на процесот на пастеризација на која се изложени лебовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП