28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчки медиуми велат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на...

Грчки медиуми велат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите случаи денеска во Грција.

Во последните 24 часа во Грција регистрирани се 43 нови случаи на коронавирус и ниту еден смртен случај. Од новозаболените 36 се туристи од граничните премини.

Како што соопшти Националната организација за јавно здравје, од 43 новозаразени, 36 се откриени на граничниот премин Промахонас, од кои 20 се од Србија и 16 од други земји.

Грција ги затвори границите за влез на српските туристи, а така ќе остане до 15 јули кога одлуката повторно ќе биде разгледана.

По оваа одлука, на граничниот премин од раните утрински часови чекаа стотина српски државјани, кои со часови беа заробени на границата меѓу Грција и Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП