19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој е еден од најважните приоритети на Владимир Путин?

Кој е еден од најважните приоритети на Владимир Путин?

Еден од главните приоритети на рускиот претседател Владимир Путин и владата на Русија е да се намали бројот на сиромашните, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Борбата за намалување на бројот на оние кои се под нивото на сиромаштија е еден од главните приоритети за претседателот Путин и нашата влада“, изјави тој пред новинарите.

Тој додаде дека постои цела низа програми во Русија кои се насочени кон намалување на сиромаштијата.

„Понекогаш, за жал, светската реалност, како што е глобалната криза од 2008 година, како кризата без преседан поврзана со пандемијата во 2020 година, негативно влијае на реализацијата на тие владини планови, но тоа не значи дека некој има намера да седи со скрстени раце“, истакна портпаролот на Кремљ.

Тој додаде дека националните проекти во време додека трае борбата против коронавирусот можат да бидат корегирани, но да функционираат.

Потсетуваме, во Русија се откриени 6.611 нови случаи на корона, а од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 687.862. Досега, од последиците од коронавирус умреле 10.296 лица, а закрепнале 454.329 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП