8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го напушта јагленот и ги затвора нуклеарните централи

Германија го напушта јагленот и ги затвора нуклеарните централи

Германскиот парламент, Бундестагот, донесе закон за напуштање на јагленот како гориво во енергетскиот сектор, според кој најдоцна до 2038 година ќе се прекинат сите постројки за производство на енергија од јаглен и други фосилни горива, а нуклеарните централи би требало да бидат затворени до 2022 година.

За поддршка во периодот на транзиција до воспоставување на енергија со ниска или нулта емисија на јаглерод, државата според новиот закон донесен кон крајот на минатата недела, до 2038 година во региони каде се вади лигнит на операторите на електрани и на вработените ќе им помогне во вкупен износ до 14 милијарди евра.

Федералната влада исто така ветила дека ќе преземе дополнителни мерки во износ од 26 милијарди евра за населението во области чија економија се заснова на производство на јаглен. Германскиот министер за економија, Петер Алтмаер изјави дека законот за напуштање на јаглен е историски и дека со него обезбедува заштита на климата и одржливоста.

“Сето тоа значи дека ние ја намалуваме емисијата на јаглерод диоксид за третина и создаваме нови работни места за оние кои се погодени од напуштањето на јагленот”, изјави Алтмаиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП