1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманска автомобилска индустрија: Добија помош од буџетот, а исплаќаат дивиденди

Германска автомобилска индустрија: Добија помош од буџетот, а исплаќаат дивиденди

Иако голем број германски производители на автомобили добија државна помош за време на епидемијата од коронавирус, нивните акционери сепак очекуваат да добијат милијарди евра преку дивиденди, пишува порталот Carcoops.

„Оние кои навистина се на државна помош не можат во исто време да го пренесат својот профит на акционерите. Тоа е грдото лице на капитализмот“, изјави Карстен Шнајдер од германската Социјалнадемократска партија.

На пример, Volkswagen го скрати работното време на 80 илјади работници, со финансиска помош од државата и требаше на почетокот на мај да плати околу 3,3 милијарди евра за дивиденди, но тоа беше одложено.

BMW се наоѓаше во слична ситуација бидејќи околу 20.000 негови работници работеа скратено, но исто така требаше да исплати дивиденда.

Менаџментот објасни дека ова е добро за одржување доверба со инвеститорите.

Daimler финансираше илјадници свои вработени со државна помош, а во исто време исплаќал дивиденди.

Сепак, компанијата објавила дека тоа ќе биде значително помалку од минатата година.

Оваа практика не е ограничена само на производителите на автомобили.

Германското деловно списание од Дизелдорф, Handelsblatt објави дека 75 проценти од 160 корпорации кои се наоѓаат на германската берза имаат намера да се придржуваат до својот план во врска со дивидендите, иако многу од нив користат скратено работно време и голема помош од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП