29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаучниците конечно открија од што се состои Месечината и биле изненадени

Научниците конечно открија од што се состои Месечината и биле изненадени

Вистинското „богатство“ лежи под површината, а научниците сега знаат како да откријат каде тоа точно се наоѓа на Месечината.

Истражувањето, кое требало да открие дали има траги од мраз во кратерите на Месечината, тргнаа во сосема друга насока кога научниците ги вклучиле радарите и почнаа да ја пребаруваат површината.

Како што е наведено во студијата објавена во “Earth and Planetary Science Letters”, откритието би можело да помогне во создавање посилна врска помеѓу Земјата и Месечината.

Имено, податоците собрани од научниците покажуваат дека Месечината настанала по судирот на младата Земја и протопланета со големина на Марс. Судирот довел до создавање гравитациски нарушувања на остатокот од отпадните облаци. Затоа, хемискиот состав на Месечината најмногу потсетува на составот на Земјата од кое било друго тело.

Така, светлите делови на површината на Месечината, кои се состојат од камен, содржат мали количини минерали кои се исти како оние на Земјата. Ова може да објасни како настанала Земјата, каква што денес ја познаваме, а не останала пуста како Месечината. Но, вистинското богатство се крие во темните делови, кратерите, каде научниците откриле карпи богати со метали.

Оваа разлика ги заинтригирала научниците и ги натерала одблизу да го испитаат хемискиот состав на лунарната површина. Користејќи минијатурни инструменти за радиофреквенција, научниците ги мереле електричните својства на почвата на Месечината. Тие биле изненадени кога откриле дека колку е поголем кратерот, толку е поголема диелектричната константа.

Тие веруваат дека ова се должи на судирот на Месечината и различните метеори. Колку е поголем метеорот, толку е поголем кратерот што го создава кога ќе удри на површината на Месечината, се закопува подлабоко и ги носи на површината честичките од железо и титаниум оксид.

Ова би значело дека вистинското „богатство“ лежи под површината, но и дека научниците сега знаат како да откријат каде се наоѓаат најголемите наоѓалишта на метал на Месечината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП