
Германската телекомуникациска компанија, Deutsche Telekom, наводно, ги зајакнува своите деловни врски со кинеската компанија Huawei.


Германската телекомуникациска компанија, Deutsche Telekom, наводно, ги зајакнува своите деловни врски со кинеската компанија Huawei.
Deutsche Telekom се одлучи за ова и покрај фактот дека властите апелираа кинеската компанија да се “исфрли” од германска територија.
Според весникот Handelsblatt, Deutsche Telekom зависи од Huawei бидејќи оваа компанија е снабдувач кога е во прашање 5G мрежата.
Deutsche Telekom во моментов има 12.000 антени за 5G и со помош на Huawei снабдува повеќе од 1.000 градови во земјата.