19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците сега тврдат дека коронавирусот се пренесува и преку воздухот

Научниците сега тврдат дека коронавирусот се пренесува и преку воздухот

Скоро 250 научници тврдат дека Светската здравствена организација (СЗО) ја игнорира можноста дека коронавирусот се пренесува преку воздух, односно со капки помали од пет микрони (микрон е милионит дел од метар).

Според New York Times, СЗО наведува дека резултатите од истражувањето кои укажуваат на тоа не се убедливи, и смета дека коронавирусот претежно се пренесува со поголеми респираторни капки, откако некое лице ќе кивне или кашла, многу брзо паѓаат на земја и не лебдат во воздухот.

Во отвореното писмо до Светската здравствена организација, 239 научници од 32 земји наведоа докази кои покажуваат дека помалите честички можат да ги заразат луѓето, и побарале од организацијата да ги промени препорачаните мерки за заштита.

Планираат да го објават писмото во научно стручно списание следната недела.

Бенедета Алеграци, главен технички советник на СЗО за контрола на заразата, изјави дека доказите за ширење преку воздухот не се убедливи и дека постои силна дебата за ова прашање.

„Повеќе пати истакнавме, особено во последните неколку месеци, дека сметаме дека е можно пренесување преку воздух, но не дека тоа е поддржано со силни ниту јасни докази“, изјави Times.

Доколку се докаже дека честичките остануваат во воздухот во затворен простор, треба да се направат значителни промени кај мерките за заштита.

Здравствените работници би требало да носат N95 маски за да ги запрат најмалите честички за време на грижата за пациентите, системите за вентилација во училиштата, канцелариите и станбените комплекси би требало да ја ограничат циркулацијата на воздухот и да инсталираат нови филтри и да користат УВ ламби за убивање на честичките во затворен простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП