26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо просек 13 отсто од тестираните за коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните за коронавирус во земјата се позитивни

Во просек, 13 отсто од тестираните за Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 тестови, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој на денешната прес-конференција во Владата се осврна на бројките и статистиката за Ковид-19 во Македонија.

„Во земјата досега се направени 68.059 тестирања. Стратегијата на широко интензивно тестирање, вклучително и тестирање на контакти на позитивните по индикација дава резултати. Овој пристап на дава да имаме еден широк увид на состојбата на ширењето на вирусот и овој систем помага да ја стабилизираме ситуацијата во двете жаришта пред се, во скопскиот и тетовскиот регион“, рече минисерот Филипче.

Според него, како резултат на оваа стратегија имаме рана детекција на асимптоматски случаи и нивно изолирање.

„Анализата во однос на процентот на позитивни од тестирани случаи покажува дека имаме просек од 13 проценти од вкупниот број на направени тестови и во изминатиот период оваа бројка не се менува значително“, додаде Филипче.

Тој потенцираше дека светот е далеку од крајот на пандемијата, бидејќи земјите кои веќе имаа прогласено крај на пандемијата, според најновите информации повторно имаат нови случаи на Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП