6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропска комисија: За социјалните мрежи исти правила како за сите други радиодифузери

Европска комисија: За социјалните мрежи исти правила како за сите други радиодифузери

Социјалните мрежи како Facebook, Youtube и Twitter ќе мора да ги почитуваат истите правила за емитување како и другите радиодифузери, одлучи во четвртокот Европската комисија, пренесува Euractiv.

За измените во Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги делумно се заслужни и радиодифузерите кои сакаа социјалните мрежи да ги имаат истите обврски како традиционалните медиумски компании.

„Социјалните мрежи, на сличен начин како и традиционалните медиумски компании, ќе мора да ги заштитат корисниците од говор на омраза и да осигураат дека малолетните лица се заштитени од штетна содржина“, соопштила Комисијата.

„Интернет платформите мора да преземат акција против содржината која поттикнува насилство, омраза и тероризам и мора да обезбедат соодветно рекламирање и пласирање на производи во детски програми“, беше соопштено.

Европската комисија, исто така, истакна дека стриминг платформите како Netflix и Amazon Prime ќе мора да посветат 30 проценти од своите каталози на европска содржина.

Во цела Европа, давателите на услуги на медиумите ќе мора да соработуваат заедно со цел промовирање на европските филмови и ТВ емисии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП