24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција нема целосно да забрани пристап на Huawei во изградбата на 5G...

Франција нема целосно да забрани пристап на Huawei во изградбата на 5G мрежа

Франција нема целосно да ја забрани употребата на технологијата на кинескиот Huawei при изградбата на системите за мобилна комуникација од петтата генерација (5G) на своето подрачје, изјави Гилеум Пупар првиот човек на Националната агенција за безбедност на информатичките системи (ANSSI), за весникот Les Echos.

“Добивме барања за лиценца за дизајнирањето на 5G мрежи за големите градови кои се приоритет за операторите. Можам да кажам дека нема да има целосна забрана за Huawei”, изјави Пупар.

“За операторите кои во моментот не ги користат системите на Huawei, ве советуваме и така да остане. За оние пак кои веќе ги користат, испраќаме соодветни дозволи, предвидувајќи периоди од три до осум години”, изјави шефот на француската агенција.

Како што објавија од The ​​Sunday Telegraph, британската влада во наредните шест месеци ќе го одбие учеството на Huawei во изградбата на 5G мрежи во Обединетото Кралство. Според весникот, владината агенција за комуникации (GCHQ) ја смени проценката на ризик од употребата на Huawei технологијата.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди британското раководство на безбедносните закани со соработката со Huawei.

Американската страна предупреди дека употребата на опремата на Huawei во британската комуникациска инфраструктура на новата генерација може да ја наруши размената на информации преку сојузот за известување Five Eyes. И покрај ова, владата на Борис Џонсон во јануари оваа година одлучи да го вклучи Huawei во развојот на британските комуникациски мрежи, но со голем број ограничувања.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП