24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемината на кризата ја затекна Европа: Се спасуваат 50 милиони работни места

Големината на кризата ја затекна Европа: Се спасуваат 50 милиони работни места

Европските влади признаа дека ги затекна обемот на кризата во регионот и дека скоро нема да можат да престанат да даваат помош на бизнисот, пишува Bloomberg.

Без оглед на постепеното укинување на ограничувањата кои се воведени поради пандемијата од COVID-19, се шират програмите за економска поддршка за да се овозможи да се зачуваат 50 милиони работни места. Покрај тоа, можно е и одложување на плаќањето на даноците и заемите.

Според прогнозите, доколку не се продолжат антикризните мерки, европските држави ги очекува голем бран на невработеност, што ќе ја доведе под знак прашање заживувањето на економијата. Според аналитичарите во германската банка Commerzbank AG, владата треба да почитува јасен баланс помеѓу намалување и одржување на државна помош. Се зависи од тоа какво специфично влијание може да има врз развојот на ситуацијата.

Уште една причина на која треба да се обрне внимание – новите жаришта на коронавирус. Во некои региони на Велика Британија и Португалија, властите мораа да ги вратат укинетите мерки.

Меѓутоа, Шведска извлече неочекувана економска корист од избегнувањето на карантинот. Во последните три месеци, курсот на шведската круна во однос на еврото порасна од 11,2 круни во март на 10,4 круни на почетокот на јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП