25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата на корона-клацкалки

Цените на нафтата на корона-клацкалки

Нафтата денес падна под 43 долари за барел, бидејќи новиот бран на зараза со коронавирус ги разгоре стравувањата дека закрепнувањето на побарувачката на гориво би можело да запре.

Сепак, цените на “црното злато” се уште се на пат да забележат неделна добивка поради помалата понуда и повеќето сигнали за закрепнување на економијата.

Северноморската нафта “Brent” ослабе за 51 цент, или 1,2 проценти, на 42,63 долари за барел во тргувањето во 9:23 часот по северноевропско време, а американската WTI падна за 56 центи, или 1,4 проценти, на 40,09 долари за барел, пренесува Reuters.

Двата референтни типа на нафта во четвртокот зајакнаа за повеќе од 2,0 проценти, поттикнати од силните податоци за отворањето работни места во САД во јуни, како и падот на американските резерви на нафта.

Затоа, “Brent” е сè уште на добар пат да регистрира раст на неделно ниво од над 5,0 проценти.

Поддршка за цените на “црното злато” оваа недела пружи и веста за тоа дека американската пионерска компанија за производство на нафта од шкрилци, Chesapeake energy, поднесе барање за банкрот, што ги поттикна очекувањата на пазарот дека понудата дополнително ќе падне.

Сепак, актерите на пазарот го имаат во предвид фактот дека Соединетите држави вчера пријавиле повеќе од 55.000 нови случаи на корона, што е нов дневен глобален рекорд, а тој скок ја поддржа загриженоста дека отворањето работни места во земјата може повторно да паѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП