20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСловенија го произведе првиот сертифициран електричен авион во светот(видео)

Словенија го произведе првиот сертифициран електричен авион во светот(видео)

Словенечката авиокомпанија го произведе првиот електричен авион во светот, сертифициран од Агенцијата на ЕУ за воздухопловна безбедност (EASA), што значи дека ги исполнува безбедносните стандарди и може да се користи комерцијално.

Авионот на батерија, “Pipistrel Velis Elektro”, мал двосед, наменет е за обука на пилоти. Може да лета 50 минути, плус резерва, што е типично за употреба во школите за летање, пренесува Reuters.

„Почнавме да летаме со електрични авиони уште во 2007 година, и пред Velis Elektro направивме уште осум авиони. Ги утврдивме сите технички детали и ги зедовме во предвид мислењата на корисниците со цел да се направи сертифициран авион“, изјави директорката на Pipistrel за истражување и развој, Тина Томазиќ.

Сертифицираниот тип на авиони значи дека може да се користи без ограничувања во комерцијални цели, и тоа е навистина чекор напред за воздухопловството како целина и ќе овозможи електрификација и многу поголеми авиони.

Pipistrel оваа година би требало да испорача 31 Velis Elektro за клиенти во седум земји.

„Ова е возбудлив продор за воздухопловството. Ова е првиот електричен авион кој EASA го сертифицирала, но сигурно не и последен, затоа што авио индустријата следи нови технологии за намалување на бучавата и штетните емисии, и за подобрување на одржливоста на авионите“, истакна извршниот директор на EASA, Патрик Кај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП