24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно задолжување на Германија од 218 милијарди евра

Рекордно задолжување на Германија од 218 милијарди евра

Германија оваа година ќе се задолжи за рекордни 217,8 милијарди евра.

Тоа ќе го стори за да ги финансира мерките за ублажување од корона-кризата, според новиот додаток на буџетот, усвоен од парламентот во четвртокот.

Владата ќе ги искористи парите за да ги финансира мерките за поддршка на потрошувачите и на компаниите во наредните месеци за да го поддржи очекуваното постепено закрепнување на економијата од корона-кризата.

Пакетот мерки вклучува плаќање надоместок за работниците со скратено работно време, намалена стапка на данок на додадена вредност (ДДВ) и надоместок од 300 евра по дете.

Резервирани се дополнителни скоро 25 милијарди евра за мали и средни претпријатија, чии приходи нагло паднаа за време на пандемијата.

Со донесувањето на дополнителниот буџет, долгот изразен како удел во БДП ќе надмине 75 проценти и со тоа да биде далеку над горниот дозволен лимит во ЕУ од 60 проценти.

Дополнителниот буџет се заснова на нова проценка која покажува дека даночните приходи оваа година треба да бидат 40,5 милијарди евра помалку од пресметките прикажани на почетокот на годината.

Првиот додаток на буџетот, вреден 156 милијарди евра, парламентот го одобри во втората половина на март за да го надокнади падот на приходите од данок и да се обезбедат пари за првиот пакет мерки за помош во  корона-кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП