26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го намали рејтингот за 33 земји

Fitch го намали рејтингот за 33 земји

Агенцијата за кредитен рејтинг Fitch Ratings го намали кредитниот рејтинг за 33 земји во првата половина од оваа година, а таа работа, се чини дека ни од далеку не е завршена, имајќи предвид дека пандемијата од коронавирус прави се поголема дупка во државните буџети, објави CNBC.

Џејмс Мекормак, глобален шеф за суверен рејтинг на Fitch, изјави дека агенцијата оценила “негатвни” изгледи за кредитните рејтинзи за уште 40 земји или суверени субјекти, што значи дека нивниот рејтинг би можел да се намали.

„Никогаш во историјата на Fitch Ratings не сме имале 40 земји со негативни изгледи во исто време, и тоа во првата половина од годинава спуштивме 33 суверени рејтинзи“, денес изјави Мекормак за CNBC.

Додава дека тие никогаш во една година не скратиле 33 суверени рејтинзи, а сега го сторија тоа за само половина година.

Меѓу државите на кои Fitch го намали кредитиот рејтинг, меѓу другото се и Велика Британија, Австралија и Хонг Конг.

Мекормак објасни дека многу влади ги зголемија трошоците за да ги заштитат своите економии од сериозен удар од пандемијата од коронавирус и дека очекува финансиската состојба да се влоши во сите 119 држави кои ги оценува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП