18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПензискиот-инвестициски фонд на Јапонија во загуба од 165 милијарди долари

Пензискиот-инвестициски фонд на Јапонија во загуба од 165 милијарди долари

Јапонскиот државен пензиски-инвестициски фонд во Јапонија (GPIF), еден од најголемите во светот, денес извести за рекордна загуба од 17,71 трилион јени (164,74 милијарди долари) во кварталот јануари-март поради падот на акциите на глобалните пазари предизвикан од пандемијата од COVID-19.

GPIF во текот на три месеци забележа негативен поврат на вкупно вложените средства во акции од 10,71 проценти, во однос на добивката од 4,61 проценти во претходниот квартал, се наведува во огласот, а пренесува Reuters.

Фондот, кој на крајот на март управуваше со средства во вредност од 150,6 трилиони јени, светските финансиски пазари внимателно ги следат поради неговата гигантска големина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП