28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика отстрани некои компании од "црниот список", а еве и кои

Америка отстрани некои компании од “црниот список”, а еве и кои

Министерството за финансии на САД отстрани од списокот за санкции четири странски компании и четири нивни танкери, кои испорачуваа нафта во Венецуела.

Oд списокот со санкции се исклучени Adamant Maritime Ltd, Sanibel Shiptrade Ltd, Delos Voyager Shipping Ltd и Greek Romina Maritime Co Inc., кои се регистрирани на Маршалските острови.

Исто така, од списокот се исклучени и танкерите Seahero (плови под знамето на Бахамите), Voyager (Маршалските острови), Delos Voyager (Панама) и Еурофорс (Euroforce), поврзани со тие компании.

Претходно беа воведени санкции против бродовите кои испорачуваа нафта од Иран во Венецуела.

Во 2020 година, Венецуела поднесе тужба до Хашкиот суд поради санкциите кои Америка ги наметнува на земјата од 2014 година. САД воведоа низа санкции кон земјата, како што се замрзнување на сметките на Венецуела во Европа и блокирање на имотот на владата на Венецуела под јурисдикција на САД, ставајќи ја на тој список и централната банка и државната нафтена компанија PDVSA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП