Заменик министерот за финансии на Русија, Владимир Количев, изјави дека рускиот федерален буџет забележа загуба од повеќе од 1.000 милијарди рубљи (скоро 14,2 милијарди долари) поради пандемијата од коронавирус.
Обраќајќи се на новинарите во Москва, Количев изјави дека руската економија поминува низ тежок период поради пандемијата, пренесува Anadolu.
Додаде дека очекуваат буџетскиот дефицит на крајот на годината да биде скоро пет проценти од бруто домашниот производ (БДП).
„Како резултат на преземените мерки поради COVID-19, загубата на приходите од извоз на нафта и природен гас во рускиот федерален буџет надмина 1.000 милијарди рубљи (скоро 14,2 милијарди долари)“, изјави Количев.
Истакна дека планираат да го затворат буџетскиот дефицит главно преку задолжување.
„Оваа година, би можеле да го зголемиме износот на заемот на 5.000 милијарди рубли. „Потрошувачката поради пандемијата ќе се зголеми од 19.000 на 23.000 милијарди рубљи“, изјави Количев.
Истакна дека за потребите на потрошувачката не сакаат да ги користат државните резерви на Националниот фонд за благосостојба.