19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведската централна банка ја засили поддршката за економијата

Шведската централна банка ја засили поддршката за економијата

Шведската централна банка во средата значително ја зголеми вредноста на програмата за откуп на средства за поттикнување на инфлацијата и поддршка на економијата во време на коронакриза.

Вредноста на програмата е подигната од 300 милијарди на 500 милијарди шведски круни (47,6 милијарди евра) а ќе биде на сила до крајот на јуни следната година.

Во последните три месеци од оваа година, Riksbank ќе купи државни, муниципални и обврзници базирани на хипотекарни кредити во вредност од 100 милијарди шведски круни. До крајот на јуни следната година, имаат намера да купат корпоративни обврзници во вредност од 10 милијарди круни.

Ги потврдиле важечките клучни каматни стапки од нула проценти, истовремено велејќи дека се подготвени да ги спуштат и во негативната област.

„Севкупно, мерките на Riksbank подразбираат сеопфатен монетарен стимул во форма на ниски каматни стапки и голема количина ликвидност во блиска иднина”, објаснуваат во централната банка.

Мерките ќе создадат услови за закрепнување на економијата и ќе помогнат да се подигне инфлацијата према целта од два проценти на крајот на наведениот период.

Предвидуваат дека стапката на инфлација оваа година ќе падне на 0,5 проценти и за следната година да порасне на 1,4 проценти.

БДП на Шведска оваа година би требало да падне за 4,5 проценти, да порасне за 3,6 проценти во 2021 година и 4,1 процент во 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП