21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Промените носат раст на невработеноста и нееднаквоста

Лагард: Промените носат раст на невработеноста и нееднаквоста

Шефицата на Европската централна банка (ECB), Кристин Лагард, изјави дека закрепнувањето на глобалната економија би можело да варира.

Во видео пораката објавена на седницата на Обединетите нации, таа порача дека е очигледно дека економијата закрепнува по тешките последици предизвикани од пандемијата од коронавирусот, објави Anadolu.

„Сепак, најтешкиот дел допрва треба да дојде“, предупреди шефицата на ECB, додавајќи дека ударите предизвикани од пандемијата ќе бидат клучни во глобалната економија и дека закрепнувањето ќе биде неизвесно и нерамномерно, со подеми и падови.

Истакна дека промените во глобалната економија ќе предизвикаат раст на невработеноста и нееднаквоста, додавајќи дека особено луѓето од ранливите групи би можеле да се најдат во тешка состојба.

Исто така, порача дека е потребна многу поголема солидарност меѓу земјите, со цел заеднички да се надмине кризата предизвикана од пандемијата.

„Ако не ставиме зелен и одржлив развој пред сè и не прифатиме солидарност како основен принцип на дејствување, би можеле да се соочиме со чудни и засрамувачки ситуации“, изјави Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП