3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca Cola: Приходите под очекувањата на аналитичарите

Coca Cola: Приходите под очекувањата на аналитичарите

Coca-Cola Post Strong Earnings

„Coca Cola“ во вториот квартал од оваа година оствари нешто помал профит и приход во споредба со истиот период минатата година, и тоа пред се поради лошата состојба во светот.

„Coca Cola“ во вториот квартал од оваа година оствари 2,68 милијарди долари или 59 центи профит за акција. Тоа е за четири проценти помалку од претходната година.

Исклучувајќи ги еднократните трошоци, добивката изнесуваше 63 центи за акција, што е во согласност со очекувањата на аналитичарите. Приходите, сепак, се намалија за 2,6 проценти на 12,75 милијарди долари.

Компанијата со седиште во Атланта објави дека обемот на светската продажба на сите пијалоци е зголемен за еден процент.

Во Европа продажбата се намали за четири проценти, во Кина остана на минатогодишното ниво, во Азија е зголемена за два проценти, а во регионот кој ги вклучува Северна Африка, Русија и Блискиот Исток за девет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП