16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобар квартален резултат на цената на нафтата во три децении

Најдобар квартален резултат на цената на нафтата во три децении

Цените на нафтата забележаа најдобар квартален резултат во последните 30 години за три месеци, заклучно со јуни, при што оствариле драматично закрепнување, откако падна на рекорден минимум во април.

Цената на фјучерсите на суровата нафта “Brent” пораснале за повеќе од 80 проценти во вториот квартал, што е нивен најдобр квартален перформанс од третиот квартал на 1990 година, кога за време на првата заливска војна забележала скок од 142 проценти, пренесува CNBC.

Фјучерсите на американската WTI нафта пораснале за 91 процент во текот на три месеци до крајот на јуни, што е исто така нивен најдобар квартален резултат од третиот квартал на 1990 година, кога тие зајакнале за 131 процент.

Сепак, и покрај фанастичните придобивки во последните неколку недели, цените на фјучерсите на “Brent” и WTI и понатаму се за 34 проценти пониски во однос на почетокот на годината.

Американската нафтена референца, WTI, за прв пат влезе во историјата во негативна територија на 20 април, паѓајќи на минус 37 долари за барел, во среде затворање на економијата поради пандемијата од коронавирус. Тоа значеше дека производителите практично им плаќаа на трговците да ја преземат нивната нафта.

Цената на “Brent” не се најде во негативна зона на крајот на април, но во таа недела падна на најниско ниво од 1999 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП