23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се случува? Навистина е тешко да се гледа: Секоја нова фотографија...

Што се случува? Навистина е тешко да се гледа: Секоја нова фотографија од нашиот омилен Чендлер е се позагрижувачка

Метју Пери е виден како се потпира на зграда и се обидува да земе воздух, а неговата асистентка му помогнала да влезе во автомобилот. Штом седнал на совозачкото седиште, запалил цигара.

50-годишниот актер Метју Пери, кој се прослави во серијалот „Пријатели“, последниве месеци ја загрижува јавноста со неговиот изглед.

Пери бил виден во понеделникот како се потпира на деловна зграда во Беверли Хилс и како се обидува да дојде до здив. Наскоро неговиот асистент пристигнал со автомобил и му помогнал да влезе во автомобилот, а тој запалил цигара веднаш штом седнал на совозачкото седиште.

Актерот, кој го отелотвори шегаџијата Чендлер Бинг во култната серија, изгледа полошо секој ден. Тој се здобил со видливи вишок килограми и не се откажува од цигарите, иако има проблеми со дишењето.

Метју порано бил зависник од лекот Викодин, и почнал да го зема заради несреќата со скутер на вода. Тоа успешно ја намалило неговата болка, но со текот на времето не можел да помине ниту еден ден без пилулата. Тој исто така страда од проблеми со алкохолот, кој во неколку наврати се лекуваше.

Тој еднаш ја шокираше јавноста признавајќи дека воопшто не се сеќава на дел од снимањето на „Пријатели“. „Не се сеќавам на три години снимање. Некаде помеѓу третата и шестата сезона“, призна тој. Се чини дека Метју повторно се сопна, а некои тврдат дека дополнително го уништило раскинувањето 21 година помладата девојка Моли Хурвиц. Нивната врска се распадна на почетокот на оваа година, а причината е непозната.

Пери ќе треба, кога ќе се смири ситуацијата со пандемијата од коронавирус, да се појави на снимање на серијата „Пријатели“. Имено, договорено е тој да снима неколку нови епизоди, но нејасно е како актерот ќе се врати на неговиот лик Чендлер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП