24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја зголемува минималната плата

Германија ја зголемува минималната плата

Минималната плата во Германија до средината на 2022 година би требало да се зголеми за 11,7 проценти, едногласно заклучија претставниците на синдикатите, работодавците и академската заедница.

Во моментов, минималната плата во најголемата европска економија изнесува 9,35 евра на час, а до средината на 2022 година би требало да порасне на 10,45 евра на час, во вторникот се соглсаси комисијата која според одлука на владата треба да донесе препорака.

Се препорачува на почетокот на следната година да се зголеми на 9,50 евра на час, на средината на годината на 9,60 евра, и на почетокот на 2022 година на 9,82 евра. Конечниот износ од 10,45 евра на час би требало да биде воведен кон средината на 2022 година.

Препораката е донесена едногласно.

Владата планира да го претвори планираното покачување на платите во закон и се очекува да ги следи препораките на комисијата.

За зголемувањето на минималната плата било дискутирано во контекст на економската криза која ја предизвика пандемијата од коронавирус. Работодавците предупредувале дека превисоката минимална плата може да им наштети на компаниите, додека синдикатите барале зајакнување на работните места.

Германија ја воведе минималната плата на почетокот на 2015 година. Тогаш изнесуваше 8,50 евра на час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП